Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА): ДВЕ ТИТУЛИ ЗА МАКЕДОНИЈА НА ИЗБОР ЗА МИС ВО БЕЈРУТ
Македонија освои две титули на избор за Светски топ модел (World Next Top Model) кој се одржа во Бејрут, Либан.
Познатата манекенка и водителка Симона Станковска од Скопје е прогласена за петта придружничка, а Елена Петреска од Прилеп ја освои титулата Мис за Европа.
„ Изборот се одржа во големото студио на МТВ во Бејрут. Нашите две девојки освоија награди во конкуренција со 35 девојки од целиот свет. Победничка е претставничката на Русија“, изјави модниот менаџер Мики Црнокрак.
Симона и Елена се членки на Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели. За награда, тие добија договори за работа како модели во Либан и во уште неколку други држави.