(ГАЛЕРИЈА) ЦВЕТЕН ФУСТАН: 'must have' парче за првите пролетни денови

Добивај вести на Viber

Разиграни и романтични цветни примероци се еден од водечките пролетни трендови, а оваа сезона посебно се истакнуваат фустаните украсени со флорални мотиви.

Фустанот им е омилено парче облека на многу жени бидејќи е елегантен, женствен и е лесен за комбинирање. Во текот на раната пролет преку него може да облечеме кожна јакна или балонер и да го носиме со балеринки или патики, а таквите лежерни комбинации се идеални за секојдневни пригоди како излез во град или за работа.

Овие сезони се многу популарни шарените бохо фустани, а понудата на популарните high street брендови навистина воодушевува кога цветните фустани се во прашање.

Уживајте и инспирирајте се од галеријава фустани кои се топ актуелни на Пинтрест.