(ГАЛЕРИЈА) Дали ќе дозволиме овие „татини“ сандали да станат хит на летото?
Пред неколку години, не би можеле да престанеме да се смееме, ако некој ни кажеше дека омразените сандали, еден ден ќе се носат како трендсетерски. Сега кога новиот тренд ни се смее во лице, можеме само кисело да се смешкаме и да чекаме да видиме што ќе се случи. Бидејќи по трендот на „татините“ чевли, на ред се „татините“ сандали и тоа во луксузни изданија.
На модните ревии на брендовите како што се „Gucci“, „Prada“ и „Anna Sui“, единствените обувки кои се носеа беа токму сандалите со ремен.
За работата да биде уште подобра (или полоша), во поголемиот број случаи тие се носат во комбинација со чорапи, што до неодамна беше број 1 моден прекршок.
Но, времињата се менуваат и некој одлучил, токму сега ова да биде тренди. Ако е за утеха, покрај нивниот непривлечен изглед, овие сандали се многу удобни и им даваат одлична поддршка на стапалата при подолгите прошетки.
Освен тоа, ако навистина одлучите да им дадете шанса, тоа не значи дека треба да издвоите многу пари за овие „татини“ сандали со дизајнерски потпис, бидејќи „high street“ куќите осмислиле еднакво (не)привлечни примероци, пишува Index.