Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Доналд во втор план: Првата дама на САД во беспрекорно издание
По убаво поминат викенд со семејството во Њу Џерси, Меланија Трамп се врати назад во Вашингтон со својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.
Откако Трамп стана претседател, стилот на Меланија е постојано критикуван како од јавноста така и од страна на медиумите. Но сепак, овој пат на нејзиниот беспрекорен изглед не може да се најде ниту една замерка.
Првата дама на САД блескаше во кошула - фустан со потпис од Ердем. Интересно во изборот на оваа креација е принтот со папагали, кој дополнително дава доза на автентичност. И за крај изгледот Меланија го комплетираше со впечатлив ремен и салонки од Маноло Бланик во портокалова боја.
Средена од глава до пети, Меланија го стави сопругот во втор план.