(ГАЛЕРИЈА) Џорџ Буш ја омажи ќерката: Преубава невеста

Добивај вести на Viber

Барбара Буш, ќерка на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш и поранешната прва дама Лора Буш, во неделата на интимна тајна венчавка стапи во брак со нејзиниот свршеник, сценаристот Крег Којн.

Само 20 членови на семејството беа сведоци на едноставната, но романтична церемонија, која се одржа во имотот на семејството Буш во Кенебанкпорт, Мејн, во дворот со поглед кон океанот.

-Многу кратка, но слатка церемонија- рече 36-годишнтата Барбара за „People“.

Таткото ја испрати ќерката до олтарот, а младенците ги кажаа заклетвите пред најблиските.

Иако баба Барбара, поранешната прва дама Барбара Буш, почина на возраст од 92 години во април, невестата не ја заборави на овој голем ден својата имењачка.

- Навистина е посебно. Како „нешто позајмено"  ја носам белезицата што мојот дедо и ја даде на мојата баба на 70-годишнината од нивниот брак - изјави Барбара.

Нејзината близначка Џена се омажи со Хенри Хагер во 2008-ма година и има две ќерки, додека Барбара го сочува нејзиниот љубовен живот надвор од очите на јавноста.

Младоженецот Крег ја заппросил на истото место каде 75 години порано во август 1943-та, нејзините баба и дедо си се ветиле еден на друг.


Фото: People