(ГАЛЕРИЈА) Кралски подарок за кралска крштевка: Принцот Хари не се штедеше за својот внук

Добивај вести на Viber

Кралското семејство ја прослави крштевката на најмалиот член, принцот Луис, на приватна церемонија во капелата Сеинт Џејмс во Лондон. 

Додека Кејт Мидлтон се одлучи за креација од Александар Меквин, сите погледи повторно беа насочени кон војвотката од Сасекс, која воодушеви со изгледот. 

За оваа пригода, Меган Маркл одбра креација од Ралф Лорен во маслинеста нијанса, комплетиран со чевли, шешир и чанта во иста нијанса. 

По стапувањето во брак со принцот Хари, Маркл е во центарот на медиумското внимание и иако на почетокот бираше креации во неутрални нијанси, сега не само што е посмела во однос на изборот на бои, туку и нејзиниот стил полека но сигурно се трансформира во изглед на вистинска дама. 

Нејзиниот сопруг за крштевката на внукот избра поклон вреден 9. 000 евра, а подготвува збор за првото издание на книгата „Вини Пу“ од 1926 година и таа ќе биде дел од колекцијата книги кои ќе се најдат во библиотеката, која тој специјално ја спрема за своите внуци.