Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Мајли Сајрс обожава црвени раскошни тоалети
Светски познатата пејачка Мајли Сајрс важи за девојка која секогаш изненадува со својот изглед. Имено на нејзиното последно појавување на премиерата на филмот „Нели е тоа романтично“, во која игра нејзиниот сопруг Лиам Хемсворд, таа се појави во раскошен црвен фустан со потпис на Валентино.
Ова не е прв пат Мајли да избере црвена тоалета за важни настани. Всушност тоа е избор од нејзините почетоци. Црвената боја е совршена за елегантни фустани со кои треба да се појави на црвениот тепих. Еве дел од најубавите нејзини изданија: