(ГАЛЕРИЈА) Manila Grace пролет/лето 2018: Ода на италијанската природност и гламур

Добивај вести на Viber

Колекцијата пролет/лето 2018 од италијанскиот бренд Manila Grace е химна на секојдневниот живот и конкретност, бескрајна реалност и моменти кои ги живееме, кои под слојот на баналноста кријат дух кој животот го прави неизбришлив, единствен и посебен.


Ова е дух кој  Алесија Санти, креативниот директор на брендот Manila Grace, го изразува и сместува во центарот на колекцијата за сезона во чии први денови уживаме. 


Брендот ја замислува секојдневицата која излегува од балансирана фузија на женственост и гламур, од една страна, и комотност и смиреност од друга страна ...преточено во две линии: природна убавина и дневен гламур.