(ГАЛЕРИЈА) Многу кич: Модата на Британските музички награди 2020
Синоќа се одржаа Британските музички награди - најголемата ноќ на музичката индустрија во Велика Британија - во лондонската „О2 арена“, во присуство на најпознатите светски уметници и нови артисти. Тоа беше вечер во која видовме многу Британски таленти, неколку политички напумпани говори и разочарувачки (но во никој случај не и изненадувачки), премалку жени препознати за својата работа.
Но, женските уметници сепак беа во центарот на вниманието. Тоа го сторија и на црвениот тепих, каде ги надминаа своите машки колеги и во стил и со разигран пристап, а и на сцената, нудејќи неколку најдобри настапи, од аренби ѕвездата Mabel, која го отвори настанот, до Били Ајлиш, Селесте и Лизо.
Погледнете како изгледаа ѕвездите на црвениот тепих, каде дефинитивно преовладуваше кич, покрај неколкуте едноставни модни комбинации: