Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Молив сукњите - топ модерно парче во новите пролетно-летни колекции на модните брендови
Едно од најсексапилните модни парчиња за жени е повторно во центарот на вниманието во новите пролетно-летни модни трендови во 2018 година.
Кога зборуваме за сексуална привлечност и пркосна облека, не можеме да ја одминеме една од најпознатите иконични сукњи на сите времиња - сукњата молив. За многумина, таа асоцира на здодевен бизнис стил, но тоа дефинитивно не е така.
Оваа година, дизајнерите повторно го воведуваат овој класичен стилски елемент на модерната жена, инспирирајќи нов живот со прекрасни свежи бои, интересни отпечатоци и удобни ткаенини.
Разгледајте ја галеријата на фотографии од кои можете да најдете инспирација за модна комбинација со ваков вид на здолниште.