(ГАЛЕРИЈА) Најубавите модни комбинации на Меланија во 2018 година
Првата дама на Америка владее со светската модна сцена веќе две години. Што се однесува до стилот кој го негува, мора да се призне дека е една од ретките кои воодушевува со својот моден вкус.
Дамите од целиот свет со нетрпение очекуваат што следно ќе облече убавата Словенка.
Стилот на Меланија е пред се класичен, а потоа и доволно личен за да му се восхитуваат. Неутралните колорити, но и силните бои во кои од време на време се појавува носејќи тоалети кои беспрекорно ги стилизира, ја вбројуваат во редот на дамите кои ги разбираат модните правила. Најчесто ја гледаме во модели на Диор, но и останатите водечки дизајнерски брендови како Гучи, Долче и Габана и Мајкл Корс кои често ги носи. Ова се највпeчатливите модни комбинации на Меланија во 2018 година.