(ГАЛЕРИЈА): ОМИЛЕНИТЕ КОСТИМИ НА МАРЈАНА СТАНОЈКОВСКА

Добивај вести на Viber

Костими и бикини во бела боја ѝ се омилени за оваа сезона на топ-моделот и водителката на „Лото“ Марјана Станојковска. 

Таа се фотографираше како заштитно лице за неколку познати брендови на костими на капење: „Сара фешн“, „Пенти“ и „ Women’s Secret“. Со шармантната Марјана која има освоено  неколку светски титули за убавина, разговаравме за новите трендови за ова лето, кои таа редовно ги следи. 

„ Светската модна индустрија во поглед на костимите за капење постојано вметнува новитети од сезона во сезона. Иако на пазарот може да се најдат костими со разни украси, принтови, интересни детали и кроеви , сепак веќе неколку лета едноделните костими го задржуваат приматот на омилени кај девојките. И низ нашите продавници има навистина голем избор на модели од светски познатите брендови, што верувам дека ќе ги задоволат вкусовите на сите потрошувачи. Костимите за капење во бела, сина боја и маслинесто зелена би ги издвоила за ова лето“, ни изјави Марјана. Таа вели дека годинава можеби нема да има време за летен одмор поради тоа што и во текот на летните месеци е ангажирана со лото извлекувањата, секоја среда и сабота.

„ Обврските ми се насочени во тој дел, а деновите кога немам емисија ги користам да отидам до Охрид или пак до Грција. Мој омилен модел на костим за капење е во бела боја, неважно дали е едноделен или дводелен“, ни раскажа Марјана. (М.Џ.)