(ГАЛЕРИЈА) Пејачките и водителките како невести

Добивај вести на Viber

Многу наши познати личности сношти беа во улога на невести и младоженци, на Саемот за венчавки кој по 9 пат сношти започна во хотелот „Александар Палас“ и ќе трае до утре. 

Светлана и Мики Црнокрак за крај на ревијата 

Поп-пејачките Јана Бурческа, Викторија Лоба, Зои Блаж, фолкерката Сања Цинцева- Барби, водителките Милена Антовска, Јелена Спенџарска и Ведрана Ѓорѓевиќ, манекенката Маја Костовска, Светлана и Мики Црнокрак и многу други беа дел од ревијата на отварањето.

 Водителката Милена Антовска- Станковска 

Свој настап имаше и Павле Камилоски, а внимание како манекен привлече и актерот Дритон Вејсели, кој стекна голема популарност со улогата на Талат во серијата „Преспав“.  На саемот има над 50 изложувачи од сите категории кои се потребни за организирање на свадбениот ден.

Пејачката и водителка Јана Бурческа 

Викторија Лоба 

Водителката Јелена Спенџарска

Фолк-пејачката Сања Цинцева

Манекенката Маја Костовска 

Пејачките Зои Блаж и Јана Бурческа и водителката Ведрана Ѓорѓевиќ

Свој настап имаше и Павле Камилоски

На дизајнерите Антонија Ристовска, Пепика Атеље, Кадора, Биљана Каран, Нена Конели,Арта Љатифи, Анна Бора, Атеље Матилда, Моника Коцарева, Дивајн Дрес, Предраг Дјукниќ-Дјук, White Angels беа дел од моделите кои ги носеа познатите. (М.Џ.)

Фото: „Во бело“