ГАЛЕРИЈА: Ретро бикини со висок струк на кои нема да можете да им одолеете
И ова лето апсолутен хит се ретро дводелните костими за капење со висок струк, кои го евоцираат стилот на филмската икона, Мерилин Монро.
За разлика од минијатурните и едноделни костими за капење кои повеќе откриваат отколку што покриваат, овој модел на бикини е совршен за покривање на ситните неправилности.
Покрај долниот дел кој е со висок струк и кој всушност го дава ефектот на ретро стил, горниот дел од бикините варира во однос на дизајнот и деталите, па така покрај спортските модели, актуелни се и оние со цветен дезен, пеплум модели, шарени, со панделки, но и ремени, кои пак совршено се комбинираат и со кратки панталони, па може да се искористат и за кежуал прошетки по плажа.
Доколку сте љубител на ретро стилот и воедно се спремате за заминување на годишен одмор, погледнете ја галеријата во продолжение: