(ГАЛЕРИЈА) РОМАНТИЧЕН КОНЦЕРТ НА ПАВЛЕ КАМИЛОСКИ ВО МОБ

Добивај вести на Viber

Долгоочекуваниот концерт на Павле Камилоски се случи вчера во преполната сала на Македонска опера и балет. Павле Камилоски воодушеви со својата изведба и ни ги претстави интернационалните култури на најдобар начин – со музика и танц. 

Тој го започна концертот тргнувајќи од Италија и со својот прекрасен глас ни ја долови италијанската музика и култура. Настапот продолжи со француските и шпанските безвременски песни. Полн со емоции ни ја претстави и далматинската музика а концертот го заврши со македонските трајни музички дела. На сцената го придружија балетските уметници од Македонска опера и балет кои ја восхитија публиката. 

Како специјален гостин на концертот, на големо изненадување на публиката се појави познатата македонска пејачка Наде Талевска, како и баритонот Горан Начевски. Концертот придружен од камерниот оркестар беше предводен од познатиот диригент Христо Христов од Софија, Бугарија. Камилоски го зварши концертот „Море сокол пие“ а публиката го испрати со силно ракоплескање.

Сите кои не успеаја да купат карти за вчерашниот концерт, имаат можност да присуствуваат на следниот кој ќе биде од хуманитарен карактер, а ќе се одржи утревечер, (21 септември) од 20 часот во МОБ. Средствата од продажбата на картите Камилоски ќе ги донира за потребите на Одделението за онкологија на Клиниката за детски болести во Скопје.