(Галерија) Шакира и Пике живеат во тежок луксуз: Ова е нивната вила на „Мајами Бич“!
Пејачката Шакира и нејзиниот сопруг, славниот фудбалер Џерард Пике, ја продаваат својата куќа на Мајами Бич.
За оваа прекрасна вила, идниот купувач ќе мора да издвои 11,6 милиони долари.
Во предниот дел на куќата има 6 спални и 7 бањи, додека од задниот дел од куќата има голем базен до кој има бар и простор за ручек и дружење.
Во куќата има теретана, работна соба, медиумска сала, додека во дворот има прекрасни палми и многу прецизно поставена жива ограда.
Целата куќа е во светли нијанси, најмногу комбинација на бели и дрвени бои. Пејачката, исто така, избрала интересни детали во колумбиски и либански стил за нејзиниот дом. Во целата вила постојат големи прозорци, што покажува дека нивниот приоритет е да имаат простор за живеење полн со светлина.