(ГАЛЕРИЈА) Шешири-весела најава на летото
Како што во зима не можеме без тренди и интересни волнени капи, така ни ова лето не смееме да ги пропуштиме идеалниот сламен шешир кој ќе ја дополни секоја нашата модна комбинација, но и ќе не заштити од силното сонце.
Ако се прашувате кој модел да ги изберете, знајте дека не морате сламените шешири да ги носите само на плажа.
Тие се идеално модно парче за летните шарен фустани и совршен сојузник за долги прошетки во текот на летните вечери.
Можете да го искомбинирате со некој згоден комбинезон со принтови од палмини листови или со трапер фустан и да го изберете за дневна варијанта. Токму поради сите тие можности , денес во понудата на познатите брендови може да се најдат разновидни модели на шешири.
Она на што треба да обрнете внимание при изборот на модел шешир е обликот на вашето лице и телесна градба.
Овие ги најдовме во понудата на познатите брендови, па инспирирајте се...