(ГАЛЕРИЈА) Шизичка диско Василица во Опера и балет

Добивај вести на Viber

Во времето на диско треската, не вратија пејачите и оркестарот во Македонската опера и балет, на традиционалниот концерт по повод празникот Василица. 

Дани Димитровска 

Сцената беше украсена во диско стил, a диригентката Бисера Чадловска облечена во уникатна светкава креација во склад со настанот. Повеќето од солистите исто така светеа со својата облека. 

Наде Талевска 

Убаво беше на сцената по долго време повторно да блесне Маја Саздановска, да се почувствува веселата енергија и уникатната интрепретација на на Ана Мицковска, Горан Наумовски, Александар Тарабунов, Лина Пејовска. 

Александар Тарабунов 

Видно ослабена, аплаузи и овации традиционално собра и Наде Талевска, но и одличните Дани Димитровска, Елена Петреска и Ѓоко Танески, кој испеа најмногу песни. Иако сме навикнати да ја слушаме во балади, убава промена беше оваа диско-Наде. 

Елена Петреска 

Дуетите ја направија вечерта поинтересна, а во тандем но и соло настапија и Лена Заткоска- Моротова, Александра Јанева, Полина Тасева, Лина Авшар.

Ѓоко Танески

Штета што Македонската опера и Балет не беше една голема дискотека, затоа што музиката на Мајкл Џексон, Дона Самер, Би Џис, АБА, дефинитивно не е за седење. Место публиката, на подиум на сцената се изнаигра Кире Ѓоревски. 

Ана Мицковска 

Браво за уникатната идеја на МОБ за овогодинешниот концепт. Среќни луѓе „шизејќи“ си заминуваа од салата. 

Милица Џаровска

Фото: Горан Десковски