(ГАЛЕРИЈА) Скопје тагува за Балашевиќ: Збогум од „твојата“ Универзална

фото:facebook/gradskopje

Во чест на Балашевиќ скопјани вечерва се собраа пред Универзална, да оддадат последна почит за нашата незаборавна легенда.

За последно збогум илијадници луѓе се собираа и на плоштадите во Нови Сад, Загреб.

И Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.

„Во Универзална уште долго некои нови клинци ќе ги изведуваат твоите дела кои ќе сведочат за тоа убаво време што го поминувавме живеејќи со твојата музика. Мирно море и вечна слава“, напиша градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов заедно со фотографии од собирот.