(ГАЛЕРИЈА) Street style предлози: Како да бидете елегантни на работа

Добивај вести на Viber

Како да изгледате елегантно на работа во текот на пролетта и летото? Избравме најдобри street style предлози.

Креирањето на модерен деловен стајлинг е предизвик за секоја дама која работи во канцеларија. Правилата на облекување, меѓудругото, за работа се одамна јасни, но високите температури понекогаш може да бидат неподносливи. Па, што да облечете за работа а да изгледате тренди?

Очигледно е дека кратки или кошули со длабоки деколтеа се неприфатливи, па морате да најдете еднакво згодно решение. Фустаните ќе бидат најдобар избор. Изберете миди, пругаст или фустан со туфни кој ќе го комбинирате со елегантни сандали. Оваа сезона во мода се одела, па предлагаме да изберете модел во пастелна боја.

Панталони исто така ќе бидат добар избор. Меѓутоа, избегнувајте црна боја во текот на летото. Супер-стилско и елегантно решение ќе бидат широки панталони. Носете ги со свилена маичка или едноставно со кошула и ќе добиете одличен ефект.

Не заборавајте да користите и модни додатоци. Шарена чанта, модерна марама или ефектен накит секој ваш деловен стил ќе го  направат интересен.

Погледнете ја нашата галерија фотографии каде ве чекаат инспиративни идеи!