Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Свадбата на Лора Турунџиева: Мама Сузе во тон со ќерките
Пред неполн месец, ќерката на познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева се вери со своето момче Филип Наунов, а на празникот Успение на Пресвета Богородица тие стапија во брак.
На свадбата која се одржа во скопската населба Автокоманда присуствуваа само најблиските на младенците.
Покрај Лора која изгледаше преубаво во невестинскиот фустан, нејзината помала сестра Матеа ги воодушеви присутните со своето слатко издание, а мама Сузе носеше сатенски фустан кој ја изразува нејзината тенка линија.