(Галерија) Венчаници во кои ќе посакате да кажете „ДА“
Овој пат најдовме прекрасни венчаници, што ќе го израдуваат дури и најголемиот противник на свадби.
Станува збор за импресивните фустани на брендот „Роналина" зад кој стојат дизајнерките Ронита Пелег и Галина Шели. Тие првично дизајнирале облека за себе и за своите пријатели, а подоцна дошле и до идејата за дизајнирање вечерни фустани.
Започнале со десет квадратни метри и наскоро го прошириле своето студио, кое се состои од продавници и простор каде што се создаваат нивните исклучителни креации. Поради огромната побарувачка, денешниот фокус е главно на дизајнот на венчаници.
Нивните креации се навистина посебни и направени од најдобрите материјали. Иако многу луѓе ги споредуваат со дизајнот на модните куќи на Клои и Валентино, тие се обидуваат да останат лојални на самите себе.
Фустаните не се дизајнирани како типични венчаници, но може да ги носите за време на летни вечерни забави, а некои се дури и погодни за шетање низ градот.