Животна училница // Приказни
(ГАЛЕРИЈА) Венчавка и принова, па свадба: Се ожени Филип Талески
Младиот ракометар Филип Талески минатиот јуни во родното Крушево се заколна на вечна љубов. Македонскиот репрезентативец стапи во брак со Ена Секуловска, битолчанка која живее во Германија, каде тој игра за клубот „Рајн Некар Левен“.
Во меѓувреме на почетокот на оваа година, Филип и Ена станаа родители на ќерка која го носи името Софиа.
Свадбената веселба се одржа ова лето во Етно село Тимчевски, а гостите ги забавуваа Енерџи бенд и Ѓоко Јовиќ.