(Галерија) Внуките ѝ се слабост: Каролина Гочева е супер тетка
Познато е дека пејачката Каролина Гочева е родум од Битола. Таму живее нејзиното семејство и таа секој слободен момент се труди да го помине со своите најблиски. Како и во многу наврати на својот „Инстаграм“ профил, таа покажува дека омилени во родниот крај ѝ се двете внуки 7-годишна внука Луција и 3-годишна внука Инес, кои се ќерки на нејзината сестра Сандра Гочева- Јерчиќ.
Внуките Луција и Инес
Каролина често знае да сподели фотки на социјалните мрежи од дружбата со своите внуки, а особено од забавните моменти со поголемата, Луција. Всушност и првата фотка на Инстаграм на познатата пејачка е со нејзината внука Луце.
Првата фотка на Инстаграм на Каролина и внуката Луција
Тетката и внуката многу си наликуваат, а и стилски се секогаш во тренд. Каролина со задоволство раскажува дека внуките и будат мајчински чувства.
- Па, како викаат, тетката е втора мајка и тоа не е далеку од вистината. Внучињата се мојата прва љубов и најголема радост и будат цел спектар на чувства кај мене. И со двете имам посебен однос и огромна љубов- изјави таа во претходно интервју за Женски Магазин.
Внуката Инес
Каролина и нејзиниот сопруг Михаил Корубин неодамна беа кумови на свадбата на нивните блиски пријатели Ана Шутиноска и Гордан Лазаревски, а пејачката повторно сподели фотка со својата внука Луција, на која изгледаат навистина тренди.
Луција е првата теткина љубов на Каролина и дефинитивно тие две се неразделни.