(ГАЛЕРИЈА) Жена со стил: Наташа Беквалац е секси во секоја комбинација
Наташа Беквалац е српска пејачка за чиј живот постојано се пишува во медиумите. Во текот на изминатите години секогаш беше во центарот на вниманието со нејзините три пропаднати бракови, борбата за двете ќерки, семејното насилство и животната трагедија која ја следи.
Но иако нема среќа во љубовта, новосадската барбика, како што многумина ја нарекуваат, секогаш и секаде изгледа одлично.
Таа знае што е тренд во светот и знае како да експериментира со стилови.
Кога станува збор за нејзината коса, плавата боја е нејзин заштитен знак. Додека пак за шминката се секогаш задолжени професионалци.
За нејзиниот одличен стил е задолжена нејзината сестра Кристина Беквалац, која е моден стилист и дизајнер по професија. Наташа во една прилика изјави дека има потполна доверба во својата сестра, кога станува збор за облеката што треба да ја носи.
Имено српската ѕвезда има модни комбинации за чиста десетка, а кои може да ви послужат како инспирација за пролетните денови кои следуваат.