(Галерија) „Жените на CFDA наградите“ ги заменија тоалетите со гламурозни костими!
Советот на модни дизајнери на Америка, вчеравечер ги одржа овогодинешните „CFDA 2018 награди“ , во Музејот во Бруклин. Со домаќинката Issa Rae, вечерта им оддаде чест на најдобрите и најпаметните во американскиот моден дизајн. Еко-пријателскиот црвен тепих, изработен од рециклирани материјали, беше домаќин на новите дизајнери и легенди во индустријата заедно со сите светски ѕвезди.
Модната публика, која ги вклучуваше Наоми Кембел и Донатела Версаче, не разочара. Ким Кардашијан ја доби наградата на моден инфлуенсер и по тој повод ги покажа стомачните во дводелна бела комбинација.
Eдна од најпрестижните ноќи во индустријата ја одбележа трендот на сезоната, па повеќето славни жени ги заменија тоалетите со гламурозни костими, што навистина воодушевува.