(ГАЛЕРИЈА) Женски магазин на фестивалот на чоколада во Будимпешта
Сончев ден во Будимпешта, идеален за прошетка низ центарот. Го земам велосипедот и правец накај центар, време е за дневна доза на кафе во некој од слатките мали кафе барови во близина на централната катедрала Свети Стефан.Но, нешто друго ми ги скокотка сетилата за вкус..Чоколада..Низ градот се шири мирис и некако сите забрзано се движат кон куќичките каде се нудат најразлични слатки задоволства.А има ли нешто послатко од највкусното задоволство, неговото Височество, чоколадото?
Унгарија има долга традиција за правење чоколада со познати чоколатерии лоцирани во повеќе градови, особено во Будимпешта. Ако сте љубители на ова задоволство, мора да го посетите Фестивалот на чоколада и слатки задоволства Едес Напок, кој традиционално се одржува секоја година.
Со векови овој десерт им е омилен на луѓето. Ретки се оние кои се имуни на чоколадо, го сакаат подеднакво и децата и возрасните.
Ова е еден од најголемите настани од овој вид во Европа кој оваа година се одржа по осми пат.На истиот најпознатите кувари и производители на чоколадни десерти ги презентираа своите вештини пред присутните.Овој фестивал е вистинскиот избор за посета, доколку спаѓате во редот на чокохоличари како мене.
Љубителите на чоколадото и чоколадните десерти имаа можност да дегустираат и купуваат по фестивалски цени производи кои ги сакаат ,но и да пронајдат нови вкусови на задоволство од богатата понуда на производителите и дистрибутерите на чоколади и слатки десерти.
Чокохоличарите имаа богата понуда на слатки задоволства, од традиционалните унгарски торти и колачи како Добош тортата, Somlói galuska (чоколадни бисквити со прелив од чоколадо и шлаг), а освен традиционалните производи, на фестивалот се нудеа бројни медењаци, колачи, палачинки...
Покрај слатките десерти, на фестивалот посетителите имаа можност да пробаат различни видови на унгарско вино и пиво, а мене посебно внимание ми привлече пивото со вкус на цреша.
Еге шегере.... На здравје до следната репортажа!
За Женски Магазин, Неда Маретиќ