„Газите преку мртвите, сѐ е лага и измама“: Мајката на Ксенија Пајчин е очајна поради најавата за снимање филм за нејзината покојна ќерка

Добивај вести на Viber

Најавата за снимање на филмот за трагично починатата пејачка Ксенија Пајчин предизвика полемика во јавноста, особено откако се појави информација дека нејзината мајка Љубица Пајчин не дала согласност за проектот. Овие наводи ги потврдил братот на Љубица, а во оваа прилика и познатиот шоумен и водител, Горан Стојиќевиќ Карамела, близок пријател на Ксенија и нејзината мајка, потврди дека Љубица не дала дозвола и дека била шокирана од тврдењата дека дала одобрение за снимање на филмот.

- Нејзината мајка воопшто не даде согласност, јас сум пријател со Љубица и продолжив да се дружиме и по тој кобен ден кога беше убиена Ксенија. Жената е апсолутно против, ниту некој ја прашал, ниту дала согласност, жената е згрозена од сето ова, шокирана е што некој вели дека се согласува, тоа е многу грдо – рече Карамела, па продолжи:

- Нека ви ја покажат писмената дозвола, нејзиниот потпис. Ова е време на лаги и измами, но не е правилно да се гази по мртвите. Љубица беше очајна, и понудив да дадам изјава затоа што не може, 15 години не може да зборува за сето ова.

Стојиќевиќ истакна и дека не знае кој е актерот Раде Ќосиќ, кој прв ја сподели во јавноста веста за снимање филмот според ликот и делото на Ксенија Пајчин, нагласувајќи дека има одобрение од семејството. Сепак, тие сега се подготвени да преземат законски чекори, доколку проектот се реализира.

- Ако се снима филмот, логично е да поднесат тужба. Се подразбира, но во моментов таа нема информации, тоа е само приказна раскажана и прераскажана. Таа приказна дојде од тој актер, не ни знам кој е, бидејќи веројатно улогата на убиецот може да му значи за целиот живот. Не знам само за што, дали ќе стане име на сметка на улога на убиец? Добро, тоа е негов проблем, но не знам од каде ја доби информацијата за со толкава сигурност да каже дека е дадена согласност - изјавил Карамела за 24седам, и заклучи:

- Не сакам повеќе да зборувам за Ксенија и нема да откривам ништо. Кога би сакал, би напишал книга или би бил косценарист, но го одбив пред две години, бидејќи не ме интересира. Тоа што го имам за неа, го носам во гроб и не сакам да откривам приватни работи, а не можеш да снимаш филм без приватен живот.


Извор: Pink.rs