ГЕНИЈАЛНО: Од обично дрво направија алкохол

Добивај вести на Viber

Јапонски истражувачи открија нов начин за производство на алкохолни пијалаци. Како извор за алкохол тие искористија обично дрво, и тоа од цреша и други типови дрво, пишува Phys.org.

Тие се надеваат дека нивниот „дрвен алкохол“ ќе се најде на полиците во продавниците за 3 години. 

Истражувачите од јапонскиот Истражувачки институт за шумарство велат дека пијалаците базирани на кората на дрвјата имаат „дрвени“ квалитети слични на алкохолот кој долги години е чуван во дрвени буриња. 

Методот на производство вклучува мелење на дрвото до кремава паста, а потоа се додава квасец и ензими за да почне процесот на ферментација. Со избегнување на високи температури истражувачите велат дека можат да го сочуваат специфичниот вкус на секој тип дрво.

Досега тие имаат направено алкохол од кедар, бреза и цреша. Од четири килограми дрво од кедар се добиваат 3,8 литри течност со процент на алкохол од 15%, слично како јапонското саке. Истражувачите експериментираат со варена и дестилирана верзија на новиот алкохолен пијалак, но сметаат дека дестилираниот алкохол е подобар.