Животна училница // Приказни
Германско семејство го заборави синот на патување во Хрватска
- 27 Август, 2023
Германци го заборавиле синот во Хрватска.
Во Полициската станица „Славонски Брод“ вчера е пријавено дека е оставен малолетник на простор за одмор покрај главниот пат А3 во Славонски Брод, пишува Н1 Загреб. На местото на настанот пристигнале полициски службеници и се увериле дека навистина е така. Дознале дека се работи за 17-годишно момче (германски државјанин).
Автомобилот со германски регистарски таблички го управувал таткото (51 година), а во возилото имало уште двајца членови на семејството (мајка и постариот брат, кои спиеле). Таткото излегол во одморалиштето, потоа се вратил во автомобилот и продолжил да вози на запад, во тој момент не знаел дека и момчето излегло, јавува Н1 Загреб. Повеќе прочитајте на Фактор.мк