Гo користат и жени и мажи: Македонците го избраа омилениот парфем!
„Парфем – невидлив, незаборавен, ненадминлив моден додаток. Тој е гласник на секоја жена, но и нејзин потсетник, каде и да оди“ е позната изрека на Коко Шанел. Парфемите дефинитивно се одраз на индивидуалноста. Парфемите имаат моќ со својот мирис да те вратат на некое место или да направат кристално јасно да замислиш како те гушка човек на кој те потсетува токму тој мирис.
Сепак постојат колекции парфеми дизајнирани посебно за летниот период. Ваквите хит- парфеми, се одлични да ги имате за себе, но знаат да бидат и совршен подарок за драга личност!
Според најлуксузната парфимерија во Македонија, „Anabella“ во листата најбарани парфеми за ова лето од страна на македонските купувачи се запишуваат оние на светски познатите брендови „Tom Ford“ и „Salvatore Ferragamo“
Овие парфеми едноставно ги освоија македонците со својот оригинален мирис на „нешто посебно“.
„Neroli Portofino Tom Ford“ за жени и мажи
„Кога треба да користам парфем?“ – прашува една млада девојка. „Кога сакаш да бидеш бакнувана“ – одговара Коко Шанел.
Овој парфем претставува лимитирано издание на брендот Tom Ford , во симпатично сино шишенце. Со својата неизменета нота на италијанска ривиера, мирисот на мандарина измешан со доза мистичност, е креиран во 2011-тата година од страна на Rodrigo Flores-Roux. Достапен е во шишенца од 50мл и 250мл со пратечки асортиман на производи за нега на тело. Парфемот е унисекс и достапен и за жени и за мажи.
„Neroli Portofino Acqua Tom Ford“ за жени и мажи
Ова е цитрусен парфем за мажи и жени, претставен во 2016-тата година. Креаторот е ист, Rodrigo Flores-Roux. Горните ноти се Bergamot, Limun и Petit Grain, средните ноти се Neroli и цвет на портокал, додека базните ноти се Amberwood и бел мосуш. Освежувачки парфем погоден за летните топли денови.
„Mandarino di Amalfi Tom Ford“ за жени и мажи
Повторно се работи за цитрусен парфем кој постои од 2014-тата година, но овој е креиран од Calice Brecker. Измешаните мириси на црна рибизла, грејпфут, лимон, босилек, бибер и јасмин се само дел од оние ноти кои му даваат специфичност на овој парфем.
Д. Караташова