Ги обедини смртта на кралицата! Кејт, Вилијам, Меган и Хари се појавија пред замокот Виндзор (ФОТО+ВИДЕО)
Новиte принц и принцеза од Велс изненадија кога се појавија заедно со војводата и
војвотката од Сасекс, два дена по смртта на кралицата Елизабета Втора.
Принцот Хари и Меган Маркл им се придружија на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон откако принцот од Велс лично упатил покана до неговиот брат и неговата сопруга, пишува Hello.
Облечени во црно и со тажни лица, сите четворица застанаа да ги поздрават кралските обожаватели кои се собраа да жалат за загубата на Елизабета.
Двете дами се одлучија за долги фустани, додека браќата се појавија во речиси идентични одела.
Вилијам беше забележан како добива подарок играчка плишано мече Падингтон.
Четворицата членови на кралското семејство пристигнаа и заминаа во исто време. Тие поминаа 40 минути со граѓаните од кои добиваа сочувство, цвеќиња, балони и други подароци.
Ова е прво заедничко јавно појавување на Величествената четворка, како што ги нарекоа фановите и
набљудувачите, по повеќе од две години. Последниот јавен ангажман на кој
присуствуваа заедно пред принцот Хари и Меган Маркл да се повлечат од своите
должности како високи членови на кралското семејство беше во март 2020 година.
Фото и Видео: Инстаграм
Фото насловна: Youtube- screenshoot
НЕМА ВОЗАЧКА, НИТУ ПАСОШ, СОПСТВЕНИК Е НА СИТЕ ЛЕБЕДИ - ова се привилегиите на кралот Чарлс