Ги перите фармерките погрешно цел живот: Еве како да го сторите тоа правилно
За да можат фармерките да траат што подолго, важно е да почитувате одредени правила при нивно перење.
Секоја жена има фармерки во плакарот, а за да не ги уништите треба правилно да ги исперете.
Експертите тврдат дека фармерките не треба да се перат често.
Општо правило е: колку помалку ги перете фармерките, толку подобро. Ако го правите тоа често, тие брзо ќе се расипат“, вели експертката Сузан Фермор.
Таа советува да го перете ова парче облека еднаш месечно на краток циклус во ладна вода, и да ги сушите на воздух.
Бидете сигурни да ги превртите наопаку.
Само така може да се зачува нивниот сјај. Сепак, ова правило има исклучок, се разбира кога времето е топло и кога многу се потите.
Кога ќе ги ставите во машината за перење, без разлика дали се стари или нови, секогаш превртувајте ги наопаку.
На тој начин, ќе го намалите избледнувањето на ткаенината.
Исто така е важно да се затвори патентот и да се зацврстат копчињата за да се задржи нивната форма за време на перењето.
Не ставајте ги во полна машина за перење.
Користете специјален детергент за заштита на бојата на фармерките при перењето. Таквите детергенти содржат состојки кои го деактивираат хлорот во вода и на тој начин спречуваат бледнеење.
Запомнете, никогаш не ги туркајте во преполна машина за перење!
Ако нема доволно простор за движење на фармерките во машината за перење, патентите може да се прицврстат на други парчиња облека, а шевовите можат да напукаат.
извор:zenskikutak.rs