Ги покажа долгите нозе во кратки бели панталони: Меган Маркл ужива во модната слобода (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:Profimedia

Комбинацијата на Меган Маркл е незаменлив дел од летната гардероба, а секогаш изгледа скапо!

Меган Маркл уживаше во натпревар во кој победи нејзиниот сопруг, принцот Хари и неговиот тим.

Војвотката од Сасекс очигледно ужива во модната слобода, но и луксузот во Калифорнија со својот сопруг, принцот Хари, откако се повлекоа од кралските должности кои со себе носеа и многу рестрикции, вклучително и во облекувањето на војвотката.

Двојката викендов уживаше во Санта Барбара, каде Меган навиваше за тимот на Хари.

Омилената бела кошула ја навлече во бели кратки шорцеви кои ги зачини со кафен кожен ремен, а целиот аутфит одлично ѝ прилега на нејзиниот тен, покрај тоа ги истакна и долгите извајани нозе.

Косата ја врза во опуштена пунџа, додека на лицето ги носеше неизбежните очила за сонце. Со минимална шминка и рамни сандали, Меган Маркл направи одличен избор.

фото:Profimedia