Ги покажа стомачните: Кралицата Летиција во ризичен фустан, каков што ниту една друга кралица не би се осмелила да носи (ФОТО)
Ги шокираше присутните, дали кралицата претерала со фустанот?
Кралицата Летиција е позната по својот класичен стил во кој нема многу простор за експерименти, но понекогаш ја изненадува светската јавност со смели модни избори кои ниту една друга кралица не би ги направила. Така беше и вчера, кога се појави на прославата на Светскиот ден на Црвениот крст во Валенсија.
Убавата бринета ги изненади сите присутни кога се појави во впечатлив циклама фустан, во нејзината омилена миди должина, благ А крој и со широки ракави.
Станува збор за парче од популарниот шпански бренд Cayro Woman, чија цена е 62 евра, а Летиција никогаш не се двоуми да носи фустани по пристапни цени, иако најчесто ги надополнува со дизајнерски чанти или чевли.
Инаку, оваа креација доаѓа во една од најпопуларните бои на сезоната - светло розова, па е исклучително атрактивна и впечатлива, покрај фактот што има храбар израз во пределот на половината кој откри малку гола кожа на шпанската кралица.
Токму овој секси детаљ го привлече вниманието, со оглед на тоа дека малку дами од европскиот двор би се осмелиле да го изнесат. Но, како и обично, Летиција го направи тоа со стил и со многу самодоверба.
Комбинацијата ја комплетираше со крокодилски салонки и златни обетки, а за глам ефектот придонесоа и нејзините богати локни и женствена шминка.
Што велите, дали шпанската кралица претерала кога се одлучила за ваков отвор кој ги открива стомачните?
извор:zena.blic
фото:PROFIMEDIA