„Ги сакаше домашните лепчиња што ги месев“: Готвачката Сандра открива која му е омилена храна на Здравко Чолиќ

Добивај вести на Viber

Блогерка за готвење ги откри омилените јадења на легендарниот пејач Здравко Чолиќ...

Српскиот пејач бил чест гости во еден белградски ресторан. Девојка која по професија е готвач, речиси секој ден му подготвувала храна на поејачот.

Сандра која инаку е блогерка, работејќи во тој ресторан открива кои му биле омилените јадења на Здравко Чолиќ, додека работела во тој ресторан.

- Беше наш редовен гостин и пред се човек од народот за народот, со светол и ведар дух, секогаш добредојден и насмеан. Секогаш кога доаѓаше во ресторанот, прво одеше во кујната да не поздрави нас кои работиме таму.

- Никој од познатите не го правеше тоа - вели Сандра и открива што најмногу сакал да јаде Чола.

— Секогаш нарачуваше домашно зготвени јадења кои беа на менито на ресторанот тој ден. Ги сакаше домашните лепчиња што ги месев. Често доаѓаше со семејството, па дури и телефонски нарачуваше храна и доаѓаше само да ја земе.

Фото: Инстаграм
Извор: Svet-scandal.rs