Глас на ангел, срце на дете, голема трагедија: Страшен крај за пејачката на која моралот и религијата ѝ беа на прво место

Неверојатна приказна за слава, моќ, љубов, убавина, музика, жртви, општествени предрасуди, погрешни одлуки и неочекувана трагедија

Ова е приказна за жена која не се плашела да ги помести границите во конзервативната еврејска средина, но и за жена растргната помеѓу желбата за слава и копнежот за семејство, за жена која барала љубов, а истата ја чинеше живот!

Приказната за животот на Офра Хаза, легендарната израелска пејачка, е неверојатна приказна за славата, моќта, љубовта, убавината, музиката, жртвите, приказна за уништувачките општествени предрасуди, погрешните одлуки и неочекуваната трагедија.

Се роди „Мадона на Истокот“. 

Офра е родена во 1957 година како деветто и најмало дете на сиромашно еврејско семејство во Тел Авив.

Од калливите улички на израелската престолнина ја спаси само нејзиниот огромен талент и моќниот глас, кои на дванаесет години ги открил агент на детски театар. Кариерата незапирливо ја доведе до врвот на светската музика, додека тамошните медиуми ја обожаваа, припишувајќи и го епитетот „Мадона од истокот“.


Хаза имаше многу успеси низ годините, од феноменални синглови до најпродавани албуми и бројни настапи и фестивали до работа на филмска музика. Круната на нејзината посветеност на музиката дојде во 1983 година, кога по второто место на Евровизија, и се отворија сите врати на светската сцена.


Таа пееше на хебрејски, арапски, арамејски, англиски, шпански... Најголемата меѓународна популарност ја постигна со песната „Im Nin'Alu“, а потоа ја маѓепса јавноста со прекрасната, трогателна песна „Deliver Us“ од анимираниот филмот „Принцот од Египет“ кој го отпеа на вкупно 17 јазици.


Таа настапи на доделувањето на Нобеловата награда за мир во 1994 година.

И покрај славата и богатството, Офра остана приземјена, лојална на своето семејство, високо морална и религиозна, што доведе до тоа да се смета за еден вид божество и жива легенда во нејзиниот роден Израел. Живееше мирно, без ниту една дамка во кариерата, без компромитирачки фотографии со мажи, без трага од скандал.

„Таа чуваше добра слика за себе. Никогаш не можеше да видиш фотографија со маж или да прочиташ некакви „валкани“ озборувања за неа“, изјави во една прилика Иштар Ашдот.

Напротив, Хаза била позната како жена во постојана потрага по голема љубов, решена да остане девица до првата брачна ноќ. Многубројните додворувачи не и биле интересни, а таа цврсто верувала дека Бог ќе и го покаже човекот на нејзиниот живот.

Успешната кариера и славата не можеа да и ја надоместат на убавата Израелка она што навистина го сакаше од животот - семејството и посветеноста на партнерот.

Интересно е што Офра во текот на животот остана непризнаена во круговите на нејзиното блиско семејство, кое постојано ги оспоруваше нејзините заслуги и вредност, нагласувајќи дека жената без семејство е никој и ништо. Фигуративно, тоа најдобро го опишува репликата на нејзиниот брат: „Која е по ѓаволите Офра? Само невенчана жена без семејство!"

Офра на 30-годишна возраст беше во избезумена и постојана потрага по посилна половина, по брачен другар. Сепак, многу заинтересирани мажи не можеа да ги поминат нејзините строги критериуми - таа живееше во постојан страв дека некој ќе ја искористи само за пари. 

Бајка која се претвори во ноќна мора

„Принцот на бел коњ“, барем како што таа веруваше, за убавата Еврејка пристигна дури на 39 години во ликот на бизнисменот Дорон Ашкенази. Двојката се венчала на покривот од куќата на нејзините родители, а на церемонијата присуствувале стотина гости и нејзините обожаватели.

За жал, иако не се знае многу за нејзиниот краток брак, сигурно е дека сопругот ја заразил со СИДА, што индиректно влијаело на нејзината прерана смрт.

Офра трагично почина во 2000 година како последица на пневмонија предизвикана од вирусот ХИВ. Само една година подоцна, од предозирање умира и нејзиниот сопруг.

Деталите и вистинската вистина за смртта на парот остануваат мистерија до ден-денес, а нејзиното семејство никогаш не ја потврдило причината за смртта на нејзиниот сопружник. Шест месеци пред нејзината смрт, во есента 1999 година, Офра Хаза ги снимила своите последни материјали, кои до ден денес не ја виделе светлината на денот.


Фото: Профимедиа

Видео: Youtube