Го имаме победникот: Андреа со „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2022 во Торино, Италија

Добивај вести на Viber

Моментот кој сите го исчекувавме - вечерва публиката и меѓународното стручно жири заеднички одлучија Андреа да биде годинашниот претставник на Македонија на Евровизија 2022 во Торино, Италија.

Од шесте селектирани песни и изведувачи, кои се најдоа во трката за овогодишен претставник на најголемото музичко натпреварување во Европа, Евровизија - некои повеќе познати за пошироката македонската јавност, додека други за првпат ги покажаа своите таленти - довербата ја доби Андреа со „Circles“.

Меѓународното жири го сочинуваа евровизиски експерти од Малта, Израел, Грузија, Исланд и Ерменија. 
Најмногу гласови од меѓународното жири, освои Адреа со „Circles“. Од публиката пак најмногу гласови освои Виктор односно 12.621 гласови.

Македонија првично ќе се бори за место во финале во втората полуфинална вечер, на 12-ти мај.

Слушнете ја песната на Андреа сo која ќе не претставува на Евровизија годинава: