Го изгуби бебето во рана бременост: Бритни Спирс и вереникот скршени од болка

Добивај вести на Viber

Пејачката Бритни Спирс сподели дека го изгубила бебето, еден месец откако објави дека го чека своето прво дете со својот вереник Сем Асгари.

Пејачката, која минатиот месец објави дека е бремена, сега им ја соопшти тажната вест на своите следбеници на Инстаграм

„Со наша најдлабока тага, мора да објавиме дека го загубивме прекрасното бебе во раната бременост“, рече Бритни, која веќе има два сина со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн - Џејден и Шон.

Двојката рече дека ќе продолжат да се обидуваат да добијат дете.

„Нашата љубов еден кон друг е нашата сила. Ќе продолжиме да се трудиме да го прошириме нашето прекрасно семејство. Благодарни сме за сета поддршка. Бараме приватност во овој тежок момент.“

View this post on Instagram

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


Да потсетиме, Сем ја запозна Бритни во октомври 2016 година, кога заедно работеа на нејзиното видео Slumber Party, а набрзо почнаа да се забавуваат, а се верија во 2021 година. 


Во меѓувреме, Бритни се ослободи од старателството од нејзиниот татко Џејми Спирс. Судијата нареди раскинување на договорот со кој се контролираше животот на Бритни и нејзиното богатство од 60.000.000 долари, кое траеше цели 13 години.

Да потсетиме дека пејачката изјави дека за време на нејзиното старателство не смеела да се ’мажи или да има бебе’ и дека била принудена да вгради спирала за да спречи бременост.

извор:GLOSSY

Бритни Спирс ја загрижи јавноста: Објави 12 фотографии на кои е потполно гола, фановите сметаат дека е нестабилна