Го откри љубовниот статус пред камерите: Новата љубов на Цеца Ражнатовиќ повеќе не е тајна, тој е спортист
Откриен љубовниот статус на Цеца Ражнатовиќ
Камерите на ТВ „Блиц“ ја следеа Цеца за време на нејзиниот престој во Италија и снимија многу интересни моменти од нејзиниот живот. Таа во друштво на нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, водителот Љубомир Тозев и нејзиниот фризер Стеван Радивојевиќ, пријатно поминаа во Венеција, каде имаше концерт.
За време на патувањето не беше избегната ниту темата за љубовниот живот на Цеца.
- Ајде, да направиме следна емисија за да ти избереме момче. Како што доаѓаат, се пријавуваат, ние сме стручното жири... - вели Стеван.
- Зошто не знам сама да си изберам момче?! – праша Цеца.
- Ако седнеме во жири и дојдат, единствениот проблем е што нам сите би ни биле одвратни - вели фризерот.
- Нема да ја дадам својата слобода за ништо... - изјави Цеца Ражнатовиќ на ова.
Жељко ќе биде успешен спортист како неговиот татко
Толку сме сигурни дека покрај малиот Жељко, кој одамна го освои срцето на баба си и кој сѐ повеќе се приклонува кон професијата на неговиот татко, сега повторно нејзиното срце го освојува и малиот Крстан.
Цеца е среќна, исполнета, а потребата за маж, како што и самата наведува, одамна ја нема...
Извор: svet-scandal.rs