Го отпеа хитот „Тек је 12 сати“: Од придружен вокал до претставичка на Евровизија - вака денес изгледа Ивана

Фото насловна: Printscreen Youtube / electroteam

Оваа песна беше една од најпопуларните на забавите во 90-тите и 2000-тите, и денес сè уште се слуша, скоро 30 години подоцна.

Ивана Врдољак, попозната по уметничкото име Вана, ја отпеа песната „Тек је 12 сати“, хит без кој не можеше да се замисли ниту една забава во деведесеттите. 


Ивана тогаш беше придружен вокал на тогаш многу популарната група „Е.Т“, но бидејќи песната што ја отпеа стана неверојатен хит, таа стана постојан член на групата.

По четири албуми што ги сними со позната музичка група, во 1998 година одлучи да ја продолжи кариерата како соло пејач.


Во 2001 година ја претставуваше Хрватска на Евровизија со песната „Струне љубави“, која ја отпеа на англиски јазик и го освои десеттото место со вкупно 42 поени. 


Вана е сè уште активна и успешна во светот на музиката - во 2012 година пееше со групата „Неверне Бебе“, а во 2015 година воодушеви на фестивалот „Сунчане скале“ со песната „Пробај“.


Денес многумина ја нарекуваат Вана-Хрватска дива.

Од 1998 година, Вана е во брак со продуцентот Андрија Врдоjко, на кого му роди две деца.



Фото: Инстгарам/vanna_music

Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Покојниот сопруг ми помогна да се прифатам себеси без страв: Искрено интервју со Тајчи