Го променија личниот опис и го искривија лицето од ботокс: Престанаа да се „боцкаат“ и одлучија природно да стареат-еве како изгледаат сега (ФОТО)

Foto: Profimedia

Сè попристапната естетска медицина изгледа како најлесното решение за отстранување на знаците на старост. Голем број познати личности порано или подоцна подлегнаа на „шармот“ на ботоксот, филерите, но и на поинвазивните методи за да изгледаат помлади и позатегнати.

Меѓутоа, некои од нив се покајале и решиле природно да стареат.

Сајмон Кауел

Foto:Profimedia

„Стигнав до фаза кога почнав да претерувам. Видов фотографија од мене пред процедурите и не можев да се препознаам“, рекол музичкиот магнат, кој користел филери за лице за да ја дефинира брадата и да ги наполни образите. Тој призна дека користел и ботокс. По сите интервенции решил целосно да се откаже од естетската медицина.

Камерон Дијаз


„Се сеќавам дека се разбудив (ден по ботоксот) и се погледнав во огледало и не знаев која е личноста што ја гледам. Не сакав да бидам таа жена. Претпочитам моето лице да старее природно отколку да имам лице кое не ми припаѓа“, изјави актерката која немала никаква друга интервенција по ботоксот.

Ана Фарис


Комичарката и актерка Ана Фарис со години е незадоволна од тенки усни. Рекла дека никогаш не претерувала, но зажалила затоа што нејзините усни никогаш не се вратиле во претходната состојба.

Џејми Ли Кертис


Ѕвездата на филмскиот серијал „Ноќта на вештерките“ призна дека луѓето често и велеле дека има „подуени очи“, па решила да направи операција на очните капаци и во меѓувреме пробала ботокс. На крајот на краиштата, актерката се откажа од пластичната хирургија и естетската медицина.

Џејн Фонда

Актерската легенда Џејн Фонда призна дека не е горда на себе затоа што направила фејслифтинг. Рекла дека по операцијата лицето и се чувствувало чудно и повеќе не личела на себе.

„Наместо операции, решив да спијам подобро, да јадам подобро и подобро да се грижам за себе“.


Бела Хадид


Манекенката призна дека го оперирала носот на 14 години. Хадид се чувствувала несигурна во тинејџерските денови, но ја научила лекцијата и сега сака нејзиното лице природно да се менува со текот на годините.



Foto:Profimedia