Го расплака целиот Балкан со емотивната изведба на „Don’t you remember?“: Учесничката на „X Фактор“ е прекрасна трудница (ФОТО)
Во 2013 година, на Балканот му се случи првата сезона на најпознатото музичко натпреварување во светот „Х – Фактор“. Натпреварувачите од четири држави – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора – се потрудија со своите гласовни способности да го воодушеват тогашно жири, но и публиката и да се пласираат што е можно повисоко.
Помеѓу многубројните аудиции, покрај онаа на победникот – нашиот Даниел Кајмакоски, особено се издои и онаа на Тамара Милановиќ, тогаш 25– годишна студентка, која со емотивната изведба на „Don’t you remember?“ го расплака целиот Балкан, но и членовите на жирито.
Денес 9 години подоцна, Тамара е позната под псевдонимот „Lilliewah“ живее на релација Доха – Белград. Таа деновиве на своите социјални мрежи објави дека е бремена и го очекува своето прво бебе со партнерот, кого често го споделува на својот профил.
ТУКА може да го прочитате и интервјуто што Тамара го даде минатата година за Женски Магазин.