Го роди петото дете на 55 години, среќа најде во 5-от брак покрај помладиот Матија: Славната актерка плени со убавината
Познатата Брижит Нилсен блесна синоќа на забавата „Venity Fair“ во Лос Анџелес во чест на претстојните Оскари кои ќе се одржат во овој град на 12 март.
Актерката беше во друштво на својот сопруг Матија Деси, со кој е во брак од 2006 година. Данската филмска и музичка ѕвезда и поранешен модел плени со својата убавина. Таа изгледаше нереално во атрактивен портокалов фустан, позирајќи како порано во модните кампањи.
Брижит Нилсен (59) беше во центарот на вниманието на светската јавност во 2018 година кога на 55-годишна возраст ја роди ќерката Фрида. Девојчето е прво нејзино дете од бракот со нејзиниот петти сопруг Матија Деси (44), а таа е мајка на четири сина.
„Го чекав ова мало девојче 10 години. Таа е буквално чудо и сакам да им кажам на сите жени никогаш да не се откажуваат. Тоа всушност е порака и до мажите и до жените бидејќи животот е неверојатен. Некој мора да победи на лотарија еднаш, и се чувствувам како да сум добила на лотарија со моето девојче“, рече таа по раѓањето на Фрида и додаде:
„Лекарите ми даваа само три до четири проценти шанси да забременам. Немав многу јајце клетки, но ги имаше доволно. Не мислев дека по 42-та година ќе одлучам да забременам. Таму беа многу разочарувања. Постојано чекате телефонски повик и знаете дека ќе ви кажат дека другата процедура не успеала. Тоа чекање убива, особено затоа што жените не сакаат да зборуваат за тоа, па мислите ти си единствената“.
Актерката по раѓањето на ќерката беше изложена на критики за кои јавно проговори, нагласувајќи дека и кажале дека „таа е баба и дека нема да дочека да и порасне детето“.
На Нилсен не ѝ е грижа за негативните прозивки. И не се двоуми да им возврати.
Foto:Profimedia
Бракот со 15 години помладиот од неа Матија Деси ги следеше нејзините четири неуспешни љубови. Актерката беше во брак со Каспер Виндинг, а потоа и со Силвестер Сталоне, со кој играше во филмовите „Роки 4“ и „Кобра“. Себастијан Коупленд и Раул Мејер се исто така нејзини поранешни сопрузи.
Најследен беше бракот со Сталоне, кој заврши насилно - Брижит по раскинувањето ја фрлила целата облека и накит од станот и излегла гола на улица.
Таа откри дека била во врска со Арнолд Шварценегер додека го снимале филмот „Црвена Соња“ - актерот тогаш бил во брак со Марија Шрајвер, а во деведесеттите имала романса со Шон Пен.
ФОТО:Инстаграм screnshot