„Го сакам како зеницата во око“: Ова е Андреј, помалиот брат на Гоца Тржан, кој пејачката го крие од јавноста (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Гоца Тржан веќе подолго време е во хармоничен брак со Радомир Новаковиќ со кој често се појавува во јавноста.

Иако до сега не се појавуваше во јавноста со родителите, туку само со сопругот, Гоца секогаш за нив нагласуваше дека имала љубов од Антон и Роза, но многумина не знаат дека Тржан има и помал брат.

Гоца го има братот Андреј, кој е три години помлад од неа. Речиси никогаш не зборувала за него во јавноста, но при гостувањето во емисијата „Балканска улица“ покажа фотографии од нејзиниот помал брат, а јасно се гледа дека во тоа време бил вистински фраер.

Гоца еднаш на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотографија со нејзиниот брат и напиша:

- Го сакам брат ми како мојата зеница. Отсекогаш сум имала заштитнички однос со него, иако секој ден се каравме. И денес се поддржуваме. Те бакнува твојата сестра и те сака најмногу - напиша пејачката.

Уште пред Гоца да стане популарна како денес, во медиумите се пишуваше дека нејзиниот брат, Андреј и бил десна рака на пејачката во бизнисот, дека и помагал кога таа заминувала и доаѓала од настапи со куфери, а потоа се нагласувало дека Гоца му била заштитничка затоа што е помлад и дека сега е време кога треба тој да ќе ја заштити.

Фото: Инстаграм
Извор: Pulsonline.rs