Го славиме раѓањето на Пресвета Богородица: Ако планирате свадба, закажете ја денес-еве и зошто
Многу луѓе го слават овој ден како куќна слава, а во различни делови на земјава е вообичаено да се оди на собири и празници.
Денес ја славиме Мала Богородица, раѓањето на Пресвета Богородица. Овој празник е еден од најголемите црковни празници, кој е доста почитуван од сите верници.
На овој ден се одржуваат, разни народни прослави и молитви.
Овој ден е добар за одржување венчавки и венчавки, но се препорачува и да се закаже венчавка или било каква веселба што ќе се одржи во наредниот период на овој ден. Всушност, од овој ден започнува циклусот на свадби, кои порано се одржуваа главно наесен, кога се привршуваат поважните работи на полињата.
На овој ден и се дава посебен благослов на брачната двојка. Се верува дека ако на овој ден е сончево, така ќе биде цела есен.
Жените не треба да вршат никаква работа во куќата или надвор од куќата на денот на Мала Богородица, како и на денот на Голема Богородица.
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така, таа по татко беше од царски, а по мајка од архијерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Кој од неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува старецот Авраам и старицата Сара подарувајќи им го синот Исак. И семоќниот Бог Кој гледа сè ги израдува со радост што ги надминуваше сите нивни очекувања и најубави соништа. Бидејќи им подари не само ќерка туку и Божја Мајка; ги озари не само со привремена радост туку и со вечна. Бог им даде само една ќерка, која подоцна им роди само еден внук - но каква ќерка и каков внук! Благодатната Марија, прославена меѓу жените, храм на Светиот Дух, олтар на Живиот Бог, трпеза на небесниот леб, кивот на светоста Божја, дрво со најсладок плод, слава на родот човечки, пофалба на женскиот род, источник на девственоста и чистотата - тоа беше од Бога даруваната ќерка на Јоаким и Ана. Родена во Назарет, а по три години одведена во храмот јерусалимски, од каде што се врати подоцна пак во Назарет, за наскоро да ја чуе благовеста на Светиот Архангел Гавриил за раѓањето на Синот Божји, Спасителот на светот, од нејзиното пречисто и девствено тело.
На Мала Богородица, молете се со зборовите на овие молитви.
Обратете се кон Богородица
Богородице Дево,
Радувај се, блажена Маријо,
Господ е со тебе:
благословена си меѓу жените,
и благословен е плодот на твојата утроба,
зашто си го родила Спасителот на нашите души.
Молитва на Богородица
О, пресвета владичице моја Богородице, небесна Царице, наша добра и сигурна надеж, најблагословена Дево Маријо!
Ти си тврда ограда и покров на оние, што се изгубија во вртлогот на овој свет.
Ти си спасение на грешниците, Ти си одбрана и заштита на сиромасите, ти си застапница на туѓите, странците, на голите облека, на гладните храна и помош, ти си утеха и радост на тажните и на жалните.
Ти си, чудна Дево, покровителка на оние, што те навредуваат и гонат, Ти исцелуваш болни и на сите што ќе западнат во некаква беда и напаст, Ти си им помошничка и застапничка.
О, најмилостива Госпоѓо, Пречиста Дево Богородице, ја гледаш мојата мака и неволја, мојата тага и опасната напаст:
помогни ми мене, сиротиот и слабиот, тажниот и жалниот, заборавениот и очајниот.
Ти се молам, прогони ги од мене жалта и тагата, помогни ми мене, бедниот страдалник. Ти ја знаеш мојата мака и мојата неволја, па, пренепорочна дево, прогони ја од мене така како што тебе ти е пријатно и како што ти можеш.
Ти се молам, не дозволувај да паднам во очај; зашто јас немам никој кој би ми помогнал, никој освен твојот Син, предвечниот младенец Господ Исус Христос и тебе, о Мајко Божја, Владичице и Царице на целиот свет.
Затоа и молбено гледам на твојата света икона, каде што си ти co предвечниот младенец Исус, па co длабока воздишка од целата душа и co смирено срце ти се молам, пречиста Богомајко, паѓам на колена и ничкум до земјата ја наведнувам својата глава, па срдечно ти се молам:
Погледни co милостивото око, велепејна Богородице и услиши ме, преблага Богомајко, не ме отфрлај, туку помилувај ме, покри ме co твојот чуден покров, не згрозувај се од мојата срдечна воздишка; туку помогни ми, спаси ме од секое зло, дарувај ми душевно и телесно здравје, упатувај ме на секое добро, особено на извршување на светата божја волја и побожно постапување, утврди мир, слога и љубов помеѓу луѓето, сочувај ме во светата христијанска вера и во добра надеж и сочувај ме од секаква несреќа!
Затоа што, никој што Tи се моли не останува без твојата помош и секој го добива тоа што го проси од тебе co вера и љубов. Избави го, заштити го, одбрани го и помилувај го, пресвета Богомајко, недостојниот твој слуга, кој Tе моли, фали и велича, амин!
Пренесено од книгата “Животопис на Пресвета Богородица”
Фото: денови