Животна училница // Приказни
Годинава на летување во Грција само со „здравствен пасош“
- 22 Април, 2020
Министерот за туризам на нашиот јужен сосед, Харис Теохарис предложи „здравствен пасош“ за туристите кои нема да се откажат од патувањата. Туристите прво ќе се тестираат на домашните аеродроми, по што ќе им биде издаден посебен „здравствен пасош".
Исто така, Теохарис за летната сезона во Грција изјави дека годинава таа ќе трае само три месеци поради пандемијата на коронавирусот. Во месеците јули, август и септември.
Поради пандемијата со Ковид-19 и затварањето на границите, големи се шансите летувањата во грција да поскапат.