Годините и пластичните операции оставија трага: Вака изгледа лицето на Сузана Манчиќ без шминка

Добивај вести на Viber

Ако на јавната сцена има некоја личност за која се знае буквално сѐ, тоа е Сузана Манчиќ, познатата Лото девојка, водителка на бројни емисии, писателка и една од најубавите жени на поранешна Југославија.

Таа во својата автобиографија „Нескротливо срце“ откри бројни детали од љубовниот живот, а читателите имаа можност да дознаат кого успеала да заведе со својата убавина.

И додека изгледот на денешните убавици често се поврзува со пластични операции, убавината на девојката Лото никогаш не била доведена во прашање. Сузана Манчиќ на врвот на најголемата слава и популарност се појави без шминка, а и тогаш никој не ја оспоруваше нејзината убавина.

- Мајка ми во раното детство ме научи да се грижам за себе, воведе лесни креми, па не се сеќавам кога го измив лицето со сапун. Одам на козметичар еднаш месечно, а поради работата секогаш сакав да бидам уредна - затоа никогаш не легнував без да ја вадам шминката. Секогаш кога имав можност, инвестирав во грижата и тоа се покажува во овие години. Денес, кога секоја естетска корекција е достапна за жените, треба да има мерка, која се обидувам да ја најдам. Затоа што моето лице е мој заштитен знак и сакам убаво да остарам - изјави еднаш Сузана Манчиќ.

А дека навистина многу добро старее, се гледа од фотографијата на Сузана Манчиќ без шминка која штотуку ја објави водителката. Од она што можеме да го видиме, јасно е дека годините не оставиле трага на лицето на убавата водителка и дека естетските корекции кои ги имала се направени со мерка.


Фото:suzanamancic/instagram