ГОДИНИТЕ НЕ СЕ ВАЖНИ: Жена дипломираше на 89

Добивај вести на Viber

Американката Ела Вашингтон (89) дипломира на Универзитетот Либерти во Вирџинија во класата 2018. Таа сега планира да запише и магистерски студии.

Пред шест години оваа жена се запишала на факултет.

„Сакам историја, тоа ми е омилен предмет. Секој треба да ја знае својата историја – вели Ела. 

Таа смета дека образованието е најважна работа, што ја обликува личноста и нуди можност да се добие најдоброто од животот.

Медиумите од САД бележат дека Ела се омажила многу млада и набрзо станала мајка. Напорно работела и не можела да заврши факултет, а отсекогаш сонувала за тоа. Работела како чувар во Пентагон, а потоа, на свои 49 години, завршила за медицинска сестра и работела во дом за стари лица.