Годишен хороскоп 2022 за БЛИЗНАЦИ: Година на турболенции

Добивај вести на Viber

2022 година ќе биде турболентна година за Близнаците. Ќе има се‘, од солзи до смеа, но сигурно е дека нема да ви биде воопшто досадно.

Нема да имате проблеми со работата и здравјето, но ќе наидете на бројни препреки кога е љубовниот живот во прашање, а главен виновник за се е положбата на Марс. Најголемите грчеви ќе ги почувствувате во текот на јануари, но ситуацијата ќе се стабилизира во текот на април. Социјалниот живот ќе биде многу турбулентен. Ќе запознаете нови луѓе, а можеби и вашата сродна душа е меѓу нив.

Љубов

Како што веќе рековме, оваа година ќе биде комплицирана и полна со падови. Слободните претставници на овој знак ќе запознаат многу луѓе на кои ќе им биде интересно во првата половина од годината, но наскоро ќе сфатат дека не вреди да се троши време на нив. Ќе има многу разочарувања, но крајот на годината ќе донесе некои поповолни можности.

Близнаците кои се во врска ќе имаат проблем во комуникацијата со партнерот. Ќе следат кавги и поради најмалата ситница.

Работа

Од друга страна, сè ќе ви оди добро на деловен план. Ќе постигнете голем успех, но и ќе мора да работите напорно. Само ако вложите труд, резултатите нема да изостанат.


Следна страна